Интернационалниот тим на архитекти и научници открил термална аномалија во пирамидите во Гиза. Термалните камери забележале високи температури во централните делови на Големите Пирамиди.
Научниците кажале дека е можно овие загревања да бидат предизвикани од постоењето на празни простории во пирамидите. Поради тоа истражувачите го засилиле истражувањето на коморите, тунелите и просториите во пирамидите.
Гробниците на фараоните Куфу (Кеопс), Кафра (Кефрен) и Менкаура (Мисернијус) се изградени околу 2613 – 2494 година пред нашата ера.
Истражувачите од Египет, Франција, Канада и Јапонија, користеле инфрацрвена термографија за прегледување на пирамидите додека изгревало и заоѓало Сонцето.
Во соопштението од Министерството за антиквитети во Египет кажале дека дошле до заклучок дека постојат неколку термални аномалии кое се забележани на сте споменици за време на фазата на греење и ладење, односно изгревот и заоѓањето на Сонцето.
“Сеуште неможеме со сигурност да ги објасниме овие аномалии, имаме многу претпоставки, а најзастапена е присутноста на празнина под површината односно внатрешносто струење на воздухот” објаснуваат од Министерството за антиквитети.
Неколку посебно интересни аномалии се пронајдени во источниот дел на Големите пирамиди, познати како Куфу, се наведува во соопштението.
“Дури неодамна заклучивме дека постојат разлики во градбата, на различни делови од пирамидите” кажал Мамдоух Ал Дамати од Министерството за антиквитети. Уште неколку аномалии се пронајдени во горните делови на Големите пирамиди.