Виртуелен робот кој изгледа како седумгодишно момче и официјално го доби статусот на жител на една од централните општини во Токио.
Момчето наречено Мираи, што значи иднина, не постои во реалноста, но вештачката интелигенција му дозволува во пишана форма да разговара со луѓето преку апликацијата LINE.
Токио се одлучи да направи нешто слично како Судиска Арабија, која и даде државјанство на роботот Софија, па на роботот Шибуја Мираи му додели вистински идентитет за прв пат во оваа земја.
Според пишувањата на тамошните медиуми, Мираи сака да слика и на интересен начин да менува селфиња кои соговорниците му ги испраќаат.
Еден од општинските функционери изјавил дека Мираи може да помогне општината да стане попозната, како и тоа да им овозможи на жителите преку него да комуницираат со локалните власти.
Извор: B92.net
Поврзани артикли