Пред неколку дена, член на Скопското Астрономско Друштво успеа да направи фотографии од еден многу редок феномен, наречен пархелиј, уште познат како феномен на „лажно Сонце“ или „три Сонца“ (англиски: sun dog). Всушност, се работи за атмосферски оптички феномен, кој се состои од појава на светли точки околу Сонцето. Тие се создаваат поради прекршувањето на Сончевата светлина низ шестоаголните честички од мраз во нашата атмосфера. Најчесто имаат бела боја, но се случува да изгледаат и како делчиња од виножито, со црвената боја навнатре (кон Сонцето), а сина нанадвор. Тие се појавуваат на 22° широчина околу Сонцето и се поврзани и со еден тип на Сончево хало, кое се формира во радиус од 22 степени околу Сонцето.
Во прилог, неколку фотографии од феноменот на „три Сонца,“ направени од село Ракотинци од страна на Sparky. Уживајте!
Поврзани артикли