Профилот на „Твитер“ на американскиот претседател Доналд Трамп бил деактивиран и неактивен 11 минути. Деактивирањето го направил вработен во компанијата во текот на својот последен ден на работа. „Твитер“ веднаш го вратил налогот на Трамп, а во компанијата е спроведена и интерна истрага. Тие додаваат и дека се преземени чекори слични ситуации да нема во иднина.