Со помош на модерната технологија, археолозите открија дека во Големата пирамида во Гиза се наоѓа уште една просторија за која досега никој не знаел дека постои.
Големата шуплина се наоѓа над галеријата и нејзината положба е паралелна на Големата галерија, просторијата која ги поврзува одаите на кралот и кралицата.
Новата просторија која ја пронајдоа археолозите е долга најмалку 30 метри и ова е првата голема структура која е откриена од 19 век па досега.
Научниците до ова откритие дојдоа со помош на посебни техники на мерење на густина во внатрешноста во големите камени структури, познато како муографија.
“Не знаеме дали се работи за хоризонтална или вертикална просторија, ниту пак дали се работи за една или повеќе врзани простории. Она што го знаеме засега е дека оваа структура ги има истите карактеристики како Големата галерија, што самото по себе е доста импресивно“, рече Мехди Тајоуби од францускиот институт HIP кој се занимава со нови технологии за проучување и зачувување на стари културни градби.
Поврзани артикли