Со напредокот на технологијата, а посебно вештачката интелигенција (AI), постои легитимен страв дека еден ден роботите и компјутерите ќе станат супериорни во однос на човекот. Стивен Хокинг имаше неколку зборови на таа тема.
Откако претходно за истото не предупредија Елон Маск и Марк Закерберг, сега и Стивен Хокинг го искажа неговото мислење за напредокот на вештачката интелигенција.
„Се плашам дека еден ден вештачката интелигенција потполно ќе го замени човештвото. Ако луѓето дизајнираат компјутерски вируси, на некој ќе му текне и да дизајнира AI кое е способно да се надградува себеси“, рече Хокинг во интервјуто за Wired.
Веќе подолго време научниците работат на дизајнирање на вештачка интелигенција која може самата да учи и да се надградува, а Google веќе го разви концептот AlphaGo Zero, кој е способен сам да научи потези на многу тешка стара кинеска игра.
„Ако научниците успеат да дизајнираат таква технологија, тоа ќе биде нова форма на живот која ќе ги надмине можностите на човекот“, додаде тој.
До пред неколку години ваквите предупредувања можеа да се најдат само во научната фантастика, но сега изгледа сѐ повеќе можно дека вакво нешто може да се случи.
Извор: Кајгана