Научниците веруваат дека првото помрачување на Сонцето се случило пред повеќе од три илјади години што значи дека конечно сме на прагот да се дешифрира Стариот завет.
Се верува дека првото помрачување на Сонцето се случило на 30 октомври 1207 година пред нашата ера, за време на владеењето на египетскиот фараон Рамзес II.
Професорот Колин Хамфри од Универзитетот Кембриџ смета дека преводот на Стариот завет на англиски јазик воопшто не е добар. „Ако се вратиме на оригиналниот хебрејски текст, сфаќаме дека се работи за помрачување на Сонцето, кое нормално во момент на еклипса престанува да сјае“, кажал професорот.
Тој заедно со неговиот тим почнале да пресметуваат дали во тоа време имало еклипса и утврдиле дека единствено видливо помрачување над Канада било на 30 октомври 1207 година пред нашата ера. Хамфри исто така открил дека помрачувањето на Сонцето се користело за одредување на владеењето на одреден фараон.