Како дел од годишната конференција MAX 2017, Adobe ги претстави новите алатки за уредување на фотографии и видео со помош на технологијата на вештачка интелигенција. Идејата е значително да се олесни спроведувањето на одредени операции, кои одземаат многу време. Вреди да се напомене дека Photoshop веќе користи такви алатки.
Првата најавена алатка е Scene Stitch. Таа ја извршува истата функција како Content-Aware Fill, но за да се пополни избраната област се користи најсоодветен елемент за дадена сцена од Adobe онлајн библиотеката која содржи стотици милиони фотографии. Како резултат на тоа, корисникот добива можност да избере неколку од најдобрите опции, според мислењето на програмата.
Вториот новитет е алатката наречена Project Cloak. На кратко, ова е комплетена аналогија на Content-Aware Fill и е наменета за видео обработка. Со негова помош можете лесно да ги отстраните несаканите предмети од веќе снименото видео. Како што изјавија програмерите, Project Cloak ја исполнува избраната област со фрагменти од еден кадар, а потоа врз основа на него се применува истиот ефект на сите останати последователно, со оглед на промената на перспективата, осветлувањето и другите параметри. Засега не е познато кога новите функции ќе станат достапни за корисниците.