Речиси целосен скелет од џиновски ихтиосаурус бил откриен во Индија. Ова е прв пат овој рептил, стар 150 милиони години, да биде пронајден на Индискиот потконтинент, пренесуваат медиумите.
Пронајдениот фосил е долг 5,5 метри, што и не е најголем ихтиосаурус. Возрасните ихтиосауруси достигнувале големина од 4,5 до 9 метри.
Коските биле заглавени меѓу амонит и белемноид, во многу цврста седиментна карпа, во регионот Куч во индиската држава Гујарат, па скелетот бил речиси целосен.
Ichthyosaurus fossil discovered in India reveals the presence of the marine reptiles in the region for first time https://t.co/y90qbz9ELD
— Daily Mail Online (@MailOnline) October 25, 2017
По 1.500 часа ископување, било откриено дека недостасува дел од главата и некои коски на опашката. Предните пераи биле неверојатно добро сочувани во својот оригинален облик.
Изгледа дека припаѓа на семејството “Офталмосауриди”, кои живееле пред околу 152-157 милиони години.
Ихтиосаурусите имале големи, силни заби. Деталното истражување на некои пукнати заби покажало дека овој рептил преферирал крцкава храна, укажува Fox News.
Fantastic discovery of ichthyosaur skeleton in India: best ever found there! My thoughts in @michaelgreshko @NatGeo: https://t.co/HBQum6qI5c
— Steve Brusatte (@SteveBrusatte) October 26, 2017
„Од наслагите на неговите заби може да се заклучи дека овој ихтиосаурус бил врвен предатор кој се хранел со цврсти и абразивни материи, вклучувајќи риби, школки и можеби други подморски рептили”, рекол лидерот на истражувањето, Гунтупали Прасад.
Универзитетот во Њу Делхи објавил детали за овој фосил во списанието Plos One.
Фосили на ихтиосаурус во главно се пронаоѓаат во Северна Америка и Европа, а неколку биле откриени и во Јужна Америка и Австралија.
Во Индија биле пронајдени неколку други остатоци од ихтиосаурус, но во вид на заби или пршлени. Исто така, тие биле 50 милиони години помлади од последниот.
Новото австралиско истражување на добро зачуваните ихтиосауруски клетки, довело до нови сознанија за животот на овие огромни ѕверови во атмосферата со ниско ниво на кислород.
Извор: Toчка
Поврзани артикли