Во јуни годинава кинеската компанија CRRC Corporation претстави беспилотен воз кој вози по виртуелни шини. Тој воз сега официјално почна да вози по улиците на кинескиот град Жужу во провинцијата Хунан.
Autonomous Rail Rapid Transit (ART) може да ја намали емисијата на штетни хасови и да го намали метежот во сообраќајот за само незначителен дел од трошоците кои би се направиле доколку се гради метро или уличен систем. Возот е 100% електричен и може да превезе до 300 патници во три вагони со брзина од околу 70 километри на час.
За ART не се потребни традиционални шини бидејќи се движи по линии обележани на улиците со помош на сензори. Возот се опишува како хибрид меѓу автобус и трамвај. За време на тестирањето возот помина 24 километри по само 10 минути полнење. ART има батерии од литиум и титан и се полни преку полнач за брзо полнење.
Долг е повеќе од 31 метар и наместо челични тркала има гуми. Посебен систем му овозможува на возот да вози без никогаш да направи полукружно вртење. Се проценува дека животниот век на еден ваков воз е 35 години.
ART е поевтин од типичното метро, кое во Кина чини од 60 до 105 милиони долари по километар. Споредено со електричните траваим, кои чинат од 22,5 до 30 милиони долари по километар, АRТ чини само 1/5 од таа сума. Возот ќе се тестира уште некое време во Жужу пред да биде отворен за јавноста во 2018 година.
Поврзани артикли