Британскиот милијардер Ричард Бренсон има намера за седум месеци да ги заврши подготовките за вселенскиот лет со брод дизајниран од неговата компанија Virgin Galactic. На последниот настап во Њујорк, Бренсон објасни дека за три или четири месеци туристичкиот вселенски брод „SpaceShipTwo“, кој во моментов е подложен на финални тестови, ќе направи суборбитален лет.
„Се надевам дека за три месеци од завршувањето на сите тестови ќе може да полетаме во вселената“, изјавил тој.
Заедно со Бренсон, на настапот се појавил и британскиот физичар Стивен Хокинг кого милјардерот ветил дека ќе го земе со себе.
Вселенскиот брод е наменет за туристички летови на надморска височина од околу 100 километри. Трошоците за патување за секој од шесте патници кои први ќе полетаат ќе бидат околу 200.000 долари. Билети веќе резервирале околу 800 луѓе, меѓу кои, и Хокинг, актерка Анџелина Џоли и пејачка Лејди Гага.