Секако, секој од нас сака да знае кој му го посетил профилот, тоа ни е во природата. Затоа, постојат неколку трикови што можат да ви го покажат тоа.
Првата метода е со помош на изворот на кодот (Source Code). За да ја искористите оваа метода, треба да одите на вашиот „timeline“ и со десен клик да одите на „View Page Source“.
Овој чекор ќе ве пренасочи на страница на која ќе видите многу кодови. Со помош на CTRL+F ќе ви се појави мало прозорче на десниот дел од страницата. Во него напишете „InitialChatFriendsLists“ (без наводници).
Ќе ви излезе листа на броеви што ги претставуваат профилите на вашите посетители. Повторно одете на Facebook и пастирајте го профилниот ID, со тоа што пред него мора да ставите „\“.
Ако не сте задоволни со оваа метода, постои и друга, екстензија за Google што можете да ја преземете ТУКА.
Вториот чекор е логирање на вашиот facebook-профил. Ќе видите дека се појавил дополнителен таб „Visitor“ на левата алатна лента. Кликнете и ќе ви се појави листа на посетители, заедно со времето кога биле на вашиот профил.