Во просториите на „Концепт 37“ во Скопје отворена е изложба на модна колекција „Седум“ од брендот „Атами“ на Милена Атанасова. Колекцијата вклучува соработка со графичкиот уметник Атанас Ботев.
Дизајнерката за новата колекција вели дека е нослива и комфорна облека, наменета за смели и динамични луѓе и претставува продолжение на мини колекцијата „Седум“ со црно и бело, како боја и убави природни материјали и геометриски сечења.
Изложбата е во рамки на серијата колаборативни настани за промоција на домашни уметници на „Концепт 37“ и „Паратиссима Скопје“ и ќе биде отворена за посетители до 5 ноември.