Apple го пушти iPhone X во претпродажба, а судејќи според сè, голем број луѓе сакаат да го имаат овој телефон од 999 долари. Но, колку ќе ве чини поправка доколку ви се скрши дисплејот?
Интересен детал кој го објави Apple деновиве е цената на поправките на iPhone X. За поправка на екранот на iPhone X ќе треба да издвоите 279 долари, додека за други оштетувања ќе треба да платите 549 долари. За споредба, овие цени изнесуваат 169 долари и 399 долари за iPhone 8 Plus и 149 долари и 349 долари за iPhone 8.
Oд друга страна, со купување на AppleCare+ поддршка која чини 199 долари, iPhone X ќе може да се поправи за 29 долари доколку е во прашање екранот и 99 долари за други дефекти.
Овие цени важат за САД и веројатно ќе бидат поинакви во однос на останатите делови од светот каде iPhone X ќе се најде во понуда.
Извор: Benchmark.rs