Адвокат од Лондон ја запросил својата девојка во авион кој нагло паѓал, додека маските за кислород испаднале од лежиштето, а патниците викале.
Крис Џенас сакал да ја запроси својата девојка, Кејси Кинчела на нивниот романтичен одмор во Бали. Меѓутоа, неговиот план не успеал кога авионот во кој патувале наеднаш почнал да губи висина, а патниците очекувале да се сруши.
„Авионот Ер Азија кој летал од Австралија за Бали паднал 20.000 стапки за само 10 минути, а пилотот ги замолил патниците да заземат положба за принудно слетување”, наведува порталот Mirror
Тогаш Крис одлучил да ја запроси својата девојка. „За среќа се согласи. Повторно се согласи на брак и кога слетавме” кажал Крис за NBC News
Шокантанта снимка од авионот покажува како се тресат седиштата и како се плашат патниците додека се подготвуваат за принудно слетување.
Поврзани артикли