Велика Британија денеска ја обвини Северна Кореја за хакерски напад проследен со барање откуп, изведен во мај годинава, за кој во новиот извештај е утврдено дека биле погодени една третина од англиските болници.
„Цврсто веруваме дека нападот е изведен од странска држава“, изјави британскиот секретар за безбедност Бен Волас, додавајќи оти британската Влада е сигурна дека Северна Кореја е вмешана во хакерскиот напад, што ги погоди компјутерите ширум светот.
Хакерскиот напад со огромни размери, познат под името „ВонаКрај“ (WannaCry) во мај блокира околу 300.000 комјутери во 150 земји, вклучително и компјутерите на британската Национална здравствена служба (НХС), шпанската телекомуникациска компанија „Телефоника“ и американската логистичка компанија „Федекс“ (FedEx).
Британската ревизорска служба тврди дека нападот посебно го загрозил англискиот НХС, поради што беа откажани 19.5000 закажани лекарски прегледи