Кардиоваскуларен хирург бил вклучен во тестирање на гаџет кој може да се поврзе со iPhone и да се користи како помош при дијатностика.
Докторот Џон Мартин го добил уредот наречен „Butterfly iQ“, што всушност е мини ултразвучен апарат, за да го тестира пред истиот да биде пуштен во употреба.
Тој веќе извесно време чувствувал болки во грлото, па одлучил да го испроба гаџетот на себе. Освен што открил дека апаратчето е одлично за дијагностика, добил и лоша вест, дека има рак на грло.
Благодарение на „Butterfly iQ“ и iPhone, доктор Мартин навреме успеал да го добие потребниот третман.
Откако и медицинската анализа ја потврдила дијагнозата, констатирано е дека апаратот работи одлично и дека ќе биде пуштен во продажба.