Рачниот часовник на актерот Пол Њумaн, Rolex Daytona продаден е на аукција за 17,8 милиони долари, поради што е најскап часовник на сите времиња.
Аукцијата е одржана во Phillips во Њујорк. Иако, многумина очекуваа дека ќе урива рекорди, никој не очекуваше дека ќе биде најскапо продадениот часовник некогаш.
Наддавањето траеше само 12 минути, а имаше учесници кои за него се бореа по пат на телефон. Во аукцијата учествувале 400 луѓе од целиот свет.
Актерот го добил часовникот на подарок од својата сопруга, актерката Џоана Вудворд и сметан е за „свет грал“ меѓу колекционерите на часовници.
„Многумина мислат дека ова е најдобриот часовник на планетата“, рече Џеф Хес, колекционер на часовниците Rolex0.
Њуман секогаш го носел, а потекнува од 1968 годинa. Му го подарил на Џејмс Кокс, поранешното момче на неговата ќерка, во 1984 година, кој по совет на адвокатот решил да го продаде. Во времето кога го добил како подарок неговата цена била 200 долари.
До сега најскап часовник продаден на аукција беше Patek Philippe 1518 од нерѓосувачки челик, а направени се само четири такви. Продаден е во Phillips но во Женева во 2016 година за 2 милиони долари.
Поврзани артикли