Компанијата Aston Martin испратила покана за претстојната промоција на новата генерација на моделот Vantage до избрани автомобилски новинари.
Како се приближува премиерата на новиот Aston Martin Vantage, така полека се откриваат и првите детали од дизајнот на овој автомобил.
Уредникот на списанието Auto Express, Стив Фаулер, се пофалил на Твитер дека е помеѓу официјалните избраници кои Aston Martin ги повика на официјалната премиера на возилото и објавил фотографија која ја добил заедно со поканата.
Фотографијата не открива многу, но низ прекривката со која е покриено возилото се наѕираат стоп светлата на новиот модел, кои се во вид на ЛЕД лента по целата ширина на автомобилот.
It's coming. And I'm going.
New Aston Martin Vantage launch invite has arrived.
How cool does it look? pic.twitter.com/L2FlrTmwJD— Steve Fowler (@SteveFowler) October 25, 2017
Се очекува новиот Aston Martin да има дизајн со елементи од моделот DB10 и Vulcan, а дека механички во голема мера ќе биде заснован на DB11 и неговата алуминиумска шасија во скратена верзија.
Неговиот мотор исто така би требало да биде преземен од поголемиот Aston Martin. Станува збор за послабиот од двата агрегати кои DB11 ги користи – twin-турбо 4.0 V8, но неговата моќ засега не е позната.
Се оечкува новиот Vantage од 0 до 100 км/ч да забрзува за помалку од 4 секунди, додека максималната брзина би требало да биде над 300 км/ч.
Поврзани артикли