Илон Маск со големи чекори напред оди кон остварувањето на својата најнова идеја – преместување на дел од меѓуградската превозна мрежа во подземни тунели. Неговата компанија The Boring Company минатата недела ја доби првата официјална дозвола за бушење тунел во американската сојузна држава Мериленд.
Тунелот би требало да биде долг околу 16,5 километри и да биде сместен под автопатот Балтимор-Вашингтон. Овој дел од патот ќе биде на трасата која Маск неодамна ја најави – на патот меѓу Вашингтон и Њујорк, метрополата која тој планира да ја спои со Hyperloop за патувањето да се скрати на помалку од половина час. Истата траса може да ги поврзува и Балтимор и Филаделфија, како и градовите кои се наоѓаат во близина.
Првиот дел од тунелот, секако, нема веднаш да се користи за Hyperloop, туку веројатно по него ќе се движат автомобили на посебно осмислени колички, како во концептот кој Маск неодамна го претстави и го тестираше во кругот на компанијата.
Извор: Bug.hr