Возила кои сами се движат веќе возат по улиците на некои американски градови, но официјалното „огнено крштевање” на ваквите автомобили во сообраќајниот хаос во Менхетн допрва следува.
Компанијата за софтвер за автоматско возење „Круз Отомејшн“, која е дек од „Џенерал Моторс“, има намера тестирањето во Њујорк да почне уште на почетокот на следната година.
Во секој автомобил, за почеток, ќе има инженер кој ќе ја следи неговата работа преку комјутер.
Извршниот директор на компанијата Кајл Вогт објасни дека густо населен град со над осум милиони луѓе е погоден за такви тестирања.