На почетокот на 2018 година во Виена ќе бидат пуштени во сообраќај сосема нови модели на трамваи – Flexity, кои во производство се влезени во 2016 година. Тие ќе ја заменат последната генерација високоподни трамваи во Виена.
Новиот тип на трамвај е долг 34 метри и нуди 112 места за патниците, како и повеќе простор за инвалидски колички. Енетериерот е поотворемн, посветол и опремен е со надзорни камери.
Еколошкиот аспект се покажува во малата потрошувачка на енергија како и во исклучивото користење на ЛЕД осветлување. Водена е грижа и за трајниот концепт на рециклирање, бидејќи возилата се така конципирани и конструирани, што по крајот на нивниот експлоатационен век можат едноставно да бидат рециклирани.
Еколошките и енергетски ефикасните возила се многу популарни во глобални рамки.
Метрополите како Берлин, Марсеј, Линц, Инсбрук и др., исто така го имаат избрано концептот Flexity на компанијата Bombardier (Монтреал), со тоа што актуелниот модел во Виена е прилагоден на инфраструктурата во градот. Се проценува дека до 2026 година ќе бидат склопени помеѓу 119 и 156 Flexity трамваи. Точниот број на новите модели ќе зависи од проширувањето на трамвајската мрежа и фрекфенцијата на трамвајскиот сообраќај.