Роботите и вештачката интелигенција се побрзо ги заменуваат луѓето во едноставните мануелни задачи и при носење сложени правни одлуки или поставувањето медицински дијагнози. Но, вештачката интелигенција, како и повеќето софтвери, ја програмираат луѓето.

Изгледа, тоа нема да биде така уште долго. Се појавија низа алатки за програмирање осмислени за да помогнат за автоматизација на тестирањето софтвер. Што значи тоа за програмерите и ИТ струката?

Тестирањето софтвер и отстранувањето „бубачки“ одзема доста време, но е битен дел од процесот ако сакате да понудите квалитетен софтвер. Вообичаено, проверката се состои од стартувањето на програмите, вршење на задачите и набљудување како се одвива процесот. Програмерите тоа го нарекуваат диначимка анализа. Има многу алатки кои помагаат при тестирањето така што нудат избор и ги проверуваат сите одговори.

 

Од Facebook неодамна претставија алатка која може да биде голем чекор напред на ова поле. Sapienz е рзвиен при Лондонскиот универзитетски колеџ и може да открие грешки во Android со автоматизирани тестови кои се многу поефикасни од конкуренцијата. Алгоритамот учи од одговорите при претходните избори, па потоа прави нов избор со цел пронаоѓање пропусти и тестирање на што повеќе избори.

Конкурент на Sapienz може да му биде DiffBlue на Универзитетот Оксфорд, кој се базира на софтвер за вештачка интелигенција за да анализира и да разбере што прават програмите. На располагање на програмерите ќе има повеќе корисни алатки. Едната ќе наоѓа „бубачки“ и ќе пишува софтвер за тестирање, другата ќе пронаоѓа пропусти кои може да ги злоупотребат хакерите, а третата ќе го подобрува постојниот компјутерски код. Проектот досега има собрано 22 милиони долари инвестиции. Наводно, со решенијата се снабдуваат повеќе големи технолошки компании.

Дали поради ваквите паметни алатки програмерите ќе останат без работа? Нема, барем не во догледно време. Евентуално поради автоматизацијата можеби ќе се вработуваат помлади помалку искусни програмери.

Извор: Tportal.hr