По нешто повеќе од три месеци е отворен првиот 3D мост за сообраќај, во холандското место Гемерт.
Овој потполно функционален бетонски мост е осум метри долг и три и пол метри широк, а е изработен од страна на експерти од универзитетот за технологија во Ајндховен.
Мостот настанал со 3D печатење на засилен бетон во околу 800 слоеви, за што била задолжена компанијата BAM Infra. Мостот има носивост од пет тони, а неговите автори проценуваат дека животниот век му е најмалку 30 години.
Од Универзитетот за технологија во Ајндховен велат дека мостот не е многу голем, но направен е од печатар, па затоа е уникатен. Со помош на техники за 3Д печатење се користи помалку бетон отколку за конвенционален калап.
Осумметарскиот мост поврзува два патишта. Иако ќе го користат претежно велсипедисти, од компанијата која го направи, BAM Infra, велат дека безбедно може да издржи тежина од околу 2 тони или 40 камиони. Од BAM велат дека гледаат во иднина и работат на нов, попаметен пристап за решавање на инфраструктурните проблеми и давање значителен придонес за подобрување на мобилноста и одржливоста на општеството.
Со проектот се покажаа бенефитите на 3Д печатењето за екологијата. Холандија е само една земја која експериментира со 3Д печатена инфраструктура. На пример, САД и Кина користат врвна технологија за креирање структури од нула без користење човечка рака. Исто така во Холандија стартапот MX3D почна со печатење мост од челик. Досега е готова една третина, а целта е да се заврши до март 2018 година.