Google дојде на идеја – да испорачува пици и „буритоси“ во дворовите со помош на дронови, со што испораката на брза храна до домот би била уште побрза…
Се работи за проектот Винг, во чиишто рамки во вторник почнува нова етапа од тестирањата. Google ќе ги врши тестирањата во Австралија, во соработка со произведувач на мексикански сендвичи и една домашна фармацевтска куќа.
Ова ќе биде првпат дронови да доставуваат храна на одредена адреса.