Во 19:53 часот по наше време покрај Земјата ќе помине уште еден астероид со големина на куќа.
Откако на 12. октомври астероид со слична големина помина ан само 42.000 км покрај Земјата, вечерва астероидот ќе помине на малку поголемо растојание, но ова во астрономски мерења сепак е многу блиску.
Астероидот 2017 TD6 ќе помине покрај Земјата на растојание од 191.000 км и нема да претставува опасност за нас. За споредба, Месечината е оддалечена од Земјата на 384.400 км, што значи дека астероидот ќе помине на речиси половина од тоа растојание.
Пречникот на астероидот е 20 метри, проценија стручњаците на НАСА.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли