Viber е апликација која одамна ја освои љубовта на клиентите, но не се сите запознаени со нејзините функции.
Ако сте заинтересирани како да ја подобрите работата на оваа апликација, еве како може да го направите тоа.
1.Сокријте ја информацијата дека сте биле активни
Влезете во „Settings“ и исклучете го статусот „Online“. Дури и да влезете на Viber за тоа нема никој да знае.
2.Сокријте дека сте ја виделе пораката
Доколку не сакате да дознаат дека сте ја прочитале пораката, повторно влезете во „Settings“ изберете ја опцијата „Notifications“ и отстранете ја опцијата „Show message preview“.
3.Не оптеретувајте ја меморијата на телефонот
Гласовните пораки од разговорите на Viber автоматски се зачувани во телефонот. Не оптеретувајте ја меморијата, затоа најдобро е да ги избришете. Влезете во „Settings“ – „Media“ и кликнете „Delete voice messages“.
4.Тргнете ја сликата од вашиот профил за непознати корисници
Ако не сакате вашата слика да ја гледаат сите корисници на Viber, повторно влезете во „Settings“, а потоа „Privacy“ и отстранете ги корисниците кои се на вашата листа, а не сакате да ја гледаат сликата.
5.Ставете лозинка
Ако не сакате некојда ви ги прочита пораките, можете да ставите Viber лозинка. Самата апликација нема таква опција, но со помош на App Store ќе ја инсталирате за неколју минути