Биотехнолошката компанија Exicure, која ја поддржува основачот на Microsoft, Бил Гејтс, работи на третмани со кои би можеле да се манипулираат гените и да се лечат различни болести – од псоријаза до рак. Exicure успеа да собере импресивни 61 милијарди долари од различни инвеститори, меѓу кои и од бил Гејтс, за да развива лекови базирани на RNA (рибонуклеинска киселина), кои би можеле да ги сменат мутираните гени кои предизвикуваат различни болести.
Имено, РНК е сет од упатства до клетките какви протеини треба да се произведуваат. Ако се произведуваат мутирани протеини, доаѓа до развој на разни болести. Доколку се стопира производството на такви мутирани протеини, може да се спречи и развојот на болеста.
И други биотехнолошки компании се обидуваа да развијат лекови базирани на РНК, но не успеаја да ги донесат лековите до оштетените клетки. Од Exicure се убедени дека тие го имаат вистинското решение. Досег имаат развиено три лекови кои се во рана фаза од клиничките испитувања. Едниот е за лечње тумори, а два се за лечење псоријаза.
Ова не е ни првта ни последната компанија која ја поддржува Бил Гејтс. Тој и неговата сопруга во изминатите години преку својата фондација имаат инвестирано милиони долари во пронаоѓање лекови за различни болести, но и во други хуманитарни проекти ширум светот.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли