Samsung претстави нов уред со којшто корисникот ќе може во секое време да знае каде се наоѓаат блиските луѓе и вредните работи што ги поседува. Samsung Connect Tag е прв мобилен производ за комерцијална употреба што користи теснопојасна технологија (NB-IoT, Cat.M1), однсно ниско-енергетска мрежа за паметни производи. Тоа значи дека може да трае цела недела само со едно полнење.
Уредот е долг 4,21 сантиметри, додека дебелината изнесува 1,19 сантиметри. Исто така, се поврзува и со домашни уреди и апарати коишто корисникот може да ги контролира, (вклучува/исклучува) по потреба. Може да се стави на ранецот на детето, синџирчето на миленичето, приврзокот од клучевите и секаде каде што е потребно за да се одреди локација.
За да дознае каде се луѓето или предметите, корисникот треба само да ја избере функцијата Send my location на паметниот телефон. Дури и малите деца можат да го користат за да ги информираат своите родители каде се наоѓаат во моментот. Производот првично ќе биде достапен во Јужна Кореја, а од Samsung се надеваат дека во следните месеци ќе излезе и на останатите светски пазари
Поврзани артикли