Станува збор за фрижидерот Samsung Family Hub со внатрешна камера кој сам прави селфи од она што се наоѓа на неговите полици и ги испраќа фотографиите до телефонот на неговиот сопственик.
Уредот е направен со цел на корисниците да и испраќа информации околу моменталната содржина на продукти во неговите полици, за тие секогаш да знаат што и недостасува, односно да не заборават што имаат или што треба да купат за во фрижидер.
Трите камери, на врвот во средина и на дното на вратата, ги снимаат полиците секогаш кога вратата ќе се затвори и фрижидерот потоа испраќа фотографии.
Покрај тоа, Samsung Family Hub на сопственикот му предлага рецепти, а може и сам да вклучува и исклучува рерна.
А тоа „задоволство“ чини околу 4,500 евра.