Мобилните телефони станаа една од најважните работи кои ги користиме денес, а поради тоа е и тешко кога ќе се најдеме во ситуација да останеме без батерија.
Концертите или излетите во природа се ситуации во кои многу почесто фотографираме и го користиме интернетот, а тоа претставува додатно оптеретување на батеријата. Секако, од голема помош се додатните батерии кои ги полнат телефоните, но еве неколку совети како да го продолжите траењето на батеријата доколку немате таков уред.
Исклучете ги непотребните безжични врски
Вашиот телефон може да се поврзува со други уреди на разни начини, но кога сте надвор, тие и не се баш неопходни. Bluetooth или Wi-Fi се корисни кога сте во домот или на работното место, но тие многу брзо ја трошат батеријата, со што се препорачува нивно исклучување. Исто така, исклучете го GPS-от и локациските услуги доколку не Ви се потребни.
Оставете го телефонот настрана
Многумина постојано го користат мобилниот телефон за разгледување на разни објави, статуси и фотографии на социјалните мрежи, но обидете се да ја одбегнувате оваа рутина кога сте надвор бидејќи вклучениот екран најмногу ја троши батеријата.
Намалете ја светлината на екранот
Големите екрани трошат многу, а со цел појасна слика, тие во автоматскиот режим честопати ја зголемуваат светлината. Исклучете ја оваа опција и рачно намалете ја светлината со што помалку ќе трошите батерија.
Ставете го телефонот во Airplane mode
Доколку не сакате потполно да го исклучите мобилниот телефон, ставете го во Airplane mode кој ќе ги исклучи сите комуникациски чипови и повторно ќе ги вклучи кога ќе треба да се јавите некому или да испратите порака.
Големиот број на телефони се поврзани со разни апликации и социјални мрежи. Секоја апликација испраќа различни нотификации, а нивното исклучување на одредено време ќе ја зачува батеријата.
Доколку треба да се јавите некому, испратете му порака пред повикот, бидејќи ниту еден повик нема да трае толку кратко како пораката во која сте напишале каде сте или кога ќе пристигнете, а на тој начин додатно ќе ја заштедите батеријата.
Поврзани артикли