Во Порторико пристигнува напомош флота од балони. Проектот Loon на Alphabet X, поранешна компанија на Google, неодамна доби дозвола за островот а го опреми со мобилен Интернет со балони кои летаат на огромна висина. 83% од мобилната мрежа во Порторико не може да се поправи по направените штети на ураганот Марија. Следниот чекор за Alphabet X е да склучи партнерство со телекомуникациските оператори и експерименталната услуга да се донесе директно во регионот.
„Благодарни сме за поддршката од власта во Порторико додека напорно работиме да видиме дали балоните Loon можат да го конектираат островот во ова време кога има треба помош. За да ги пренесеме Интернет сигналите до телефоните на луѓето балоните Loon мора да се интегрираат со партнерска телекомуникациска мрежа” велат од компанијата.
Според нив, поставувањето на балоните и конектирањето на Интернет на Порторико ќе трае подолог отколку пробните проекти во Перу затоа што компанијата Alphabet X веќе ги тестираше балоните кога надојдоа поплавите во Перу. Компанијата има рок до април 2018 година да ги постави балоните во Порторико, а не се знае колкав дел од островот ќе биде опфатен со експериментот.
Извор: Иновативност.мк
Поврзани артикли