За 10 години ќе има 10 милиони Тесла возила на улиците, се наведува во прогнозата на американската инвестициска банка Морган Стенли. Аналитичарот на Морган Стенли, Адам Џонас ја претстави глобалната проекција на растот на бројот на електричните автомобили на Тесла на патиштата, заклучно со 2040 година.
Според таа прогноза, во 2028 година во светот ќе се возат 10 милиони возила на Тесла, додека границата од 20 милиони автомобили на овој калифорниски произведувач ќе биде надмината во 2035 година. Доколку се исполнат прогнозите, на патиштата ширум светот во 2040 година ќе се движат дури 32 милиони возила на Тесла.
Првиот човек на Тесла, Елон Маск, не одеше толку далеку во своите прогнози, па најави дека веќе во 2018 година на производната лента ќе стигнат 500.000 електрични автомобили со ознаката на овој бренд.
Меѓу нив убедливо најмногу примероци ќе има од Модел 3 кој беше лансиран оваа лето. Својот автомобил веќе го очекуваат над 400.000 купувачи кои извршиле нарачка во последина година и половина.
Поврзани артикли