Во Мајминскиот регион во Русија, започна со работа првата соларна централа составена од хетероструктурни модули од домашно производство со висок степен на искористеност, и инсталирана моќност од 10MW. Инвестициите во објектот извесуваат околу две милијарди рубли. Изведувач на работите е компанијата „Солнечнаја енергија“.
Електраната е специфична по тоа што во нејзината изградба се користени модули кои овозможуваат солидно искористување на сончевата енергија дури и при облачно време. Се работи за нова генерација силициумски соларни елементи со ефикасност од над 22%. и широк температурен опсег на употреба.
Оваа соларна централа чија изградба започнала во мај оваа година, е четврта по ред постројка на компанијата Hevel.
Поврзани артикли