Осветлувањето е многу битно за секој простор. Добриот дизајн на светилки креира подобро расположение и носи живот во просторот. Но, што кога светилките истовремено ви го чистат воздухот? Тоа е паметната идеја на лондонскиот дизајнер Џулиан Мелкиори. Тој го направи Exhale Chandelier или живиот лустер. Дизајнот се состои од стаклени елементи во кои живеат зелени алги кои го апсорбираат јаглерод диоксидот од воздухот и истоврмено производуваат кислород.
Мелкиори е истражувач на биохемиска технологија, која со години работи со различни живи организми со цел да развие вештачки листови. Тој вели дека во текот на изминатиот век луѓето постојано трошеа фосилни горива и го уништуваа живиот свет, што резултираше со промени во атмфосерата и климата. Бидејќи тој проблем постојано се обидува да го реши, тој експериментира со различни начини за креирање материјали кои ефективно можат да вршат фотосинтеза и како тие позитивно ќе влијаат на светот.
Технологиите како овој необичен лустер можат да го прочистат воздухот што го дишеме, да го намалат исфрлањето на јаглерод диоксид и да произведат корисни биопроизводи само со употреба на вода и светлина. Exhale Chandelier моментално е изложен во музејот V&A за лондонската недела на модата.
Извор: Inovativnost.mk
Поврзани артикли