Тројца американски научници се добитници на овогодинешната Нобелова награда за медицина. Наградата ја добија за откривањето на молекуларни механизми кои го контролираат нашиот биолошки часовник.
Џефри Ц. Хол, Мајкл Росбаш и Мајкл В. Јанг се добитници на Нобеловата награда, која ја добија поради новите откритија во полето на медицината, поточно за напредок во разбирањето на човечкиот биолошки часовник.
„Нивните откритија го објаснуваат начинот на кој растенијата, животните и луѓето го прилагодуваат својот биолошки ритам за да биде во склад со револуцијата на Земјата“, наведено е во соопштението од организацијата која ја доделува Нобеловата награда за медицина.
Тројцата научници, покрај признанието, ќе поделат и парична награда од 9 милиони шведски круни (1,1 милион долари).
Сите тројца се универзитетски професори, на универзитетите во Мејн, Валтам и Рокфелер.
Наградата за медицина е прва во низата награди кои се доделуваат секоја година.
Признанија за посебни достигнувања во полето на науката, мирот и книжевноста се доделуваат по желба на иноваторот Алфред Нобел, уште од 1901 година.