Видовме примери за претворање на штала во простории за живот, но ова е прв пат да слушнеме дека некој адаптирал кокошарник во куќа.
На оваа идеја дојде еден уметник во предградие на Берлин, кој сакал да го смести своето ателје токму во ваков објект. Во помош го повикал Büros für Konstruktivismus, чии архитекти ја задржале оригиналната фасада на кокошарникот, но затоа внатре, секако, се е променето, така што добиле топол ентериер исполнет со светлина. Целиот ентериер, вклучувајќи оригинален оџак и челични греди обложени се со борово дрво.
Кокошарникот е подигнат веднаш по Втората светска војна во двор на семејна куќа. Во прашање е едноставен двоводен објект, кој одлично служел на својата цел, но времето си го прави своето. Меѓутоа, архитектите Сандра Бартоли и Силван Линден одлучиле да го задржат овој рустичен изглед на објектот, а во внатрешноста направиле целосна контра.
Внатрешноста е трансформирана во простор со отворен план со кој доминира текстура од борово дрво, како и новоформиран мезанин, пишува Dezeen.
Природното светло пробива низ големите отвори во фасадата. Скалите кои служат и како места за одлагање на предмети, водат до мезанинот, каде што некогаш било поткровјето во коешто се чувале голуби.
Вратата за голубите сега е адаптирана во триаголен прозорец со поглед на градината и дрвата.
Поврзани артикли