Не е тајна дека „џиновите“ во ИТ секторот, како Facebook собираат огромна количина податоци за своите корисници. Она што е помалку познато е како Facebook ги следи своите корисници дури и кога не се служат со овој сервис.
Каква корист имаат од тоа?
Во срцевината на приказната за следењето на корисниците и собирањето лични податоци, е нивната употреба во кроењето на рекламите. Огласувачите му плаќаат на Facebook за да добијат податоци за корисниците, заради што попрецизно доближување до нивните интереси. Ако целта е што поточно доближување до групи потрошувачи, за нив вреди да се знае што повеќе заради оптимален ефект.
Што точно знаат за нас?
Знаат многу повеќе од тоа што можеме да си го замислиме. Дури знаат и работи кои никогаш отворено не сме ги навеле на „Фејсбук“. Оваа социјална мрежа следи кои реклами ви предизвикале интерес, вашата адреса, образованието, приходите, локацијата на живеалиштето и сето тоа се испреплетува со податоците од вашите пријатели на мрежата. Она што се добива е неверојатен ресурс, како создаден за целно огласување.
Да биде уште полошо, бришењето на корисничкиот профил нема да ги избрише собраните податоци.
Facebook ги следи и оние кои немаат профил
Според истражувањата на Белгиската комисија за заштита на приватноста, Facebook ги следи интернет одредниците на оние кои никогаш не отвориле профил на оваа социјална мрежа. Ова е возможно благодарение на т.н. интернет колачиња и додатоците на различни век одредници.
Како да се заштитите?
Тоа и не е во целост возможно. Bright side пишува дека најпаметно е воопшто онлајн да се оставаат ограничени лични податоци. На Facebook е пожелно да се оставаат што е можно помалку лични информации, да не се поставуваат фотографии од деца, а откако ќе завршите со сурфање на оваа мрежа, добро би било да се „одлогирате“ или да користите различни пребарувачи за пребарување други содржини.
Користете и алатки за блокирање на рекламите на таа мрежа, и да избегнувате користење на Месинџерот на мобилните уреди. Кога сме кај мобилните уред:
На платформата iOS пожелно е да отворите Settings -> Confidentiality -> Advertising и да ја вклучите опцијата Limit Ad Tracking.
На Android: Settings -> Google -> Ads Settings и исклучете Ads Personalization.
На Chrome: Settings -> Show Advanced Settings -> Privacy и означете го полето каде што стои Send a “Do not track” request with your browsing traffic.
Се разбира, ништо од ова не е гаранција дека ќе бидете целосно заштитени од собирањето на вашите лични податоци.
Извор: Tportal.hr