Нискобуџетната авиокомпанија EasyJet, во соработка со компанијата Рајт електрик, работи на својот електричен авион, што би можело да се пушти во промет веќе наредната деценија, соопштија од компанијата.
Предвидено е електроавион со едно полнење на батеријата да може да лета нешто помалку од два часа. Со тоа, би се намалило загадувањето и бучавата.
Генералната директорка на авиопревозникот, Каролин Мекал изјави дека „повеќе не е прашање дали, туку кога електрични авиони ќе почнат да летаат на куси релации“.
Неколку авиопревозници работат на развој на електрични авиони, а се верува дека тие би биле 50 отсто побесшумни и 10 проценти поевтини од обичните.
Поврзани артикли