Twitter конечно им даде објаснување на критичарите зошто не го брише профилот на Трамп, иако тој редовно објавува навредливи пораки. Портпаролот на компанијата вели дека Twitter го зема предвид нивото на информативноста што ја имаат некои твитови и гледа дали станува збор за релевантна вест.
Од компанијата велат дека во одлуката е вклучено и тоа дали некој ги прекршил нивните услови за користење, а во предвид го земаат и јавниот интерес. Реакцијата на компанијата следуваше откако многу луѓе реагираат на последниот твит на Трамп, во кој ја нападна Северна Кореја.
Just heard Foreign Minister of North Korea speak at U.N. If he echoes thoughts of Little Rocket Man, they won't be around much longer!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 24, 2017
Трамп на Twitter изјави дека Ким Јонг-ун е „мал ракетен човек“ кој нема да го има уште долго време – нешто што Северна Кореја го интерпретира како јасно објавување војна. Според правилата за користење на Twitter , овој твит јасно е кршење на забраната за вознемирување и поставување содржина што поттикнува насилство. Но се чини дека правилата на Twitter се субјективни и не се применуваат еднакво за сите.
We’re putting significant effort into increasing our transparency as a company, and commit to meaningful and fast progress. Will do better. https://t.co/g1Rvkaj2sl
— jack (@jack) September 25, 2017
Извршниот директор на Twitter , Џек Дорси, вчера изјави дека компанијата повеќе ќе се труди кон транспарентноста во овие случаи. Неговиот коментар е всушност првпат да се спомене земање на нивото на информативноста како критериум за применување на правилата. Тие признаваат дека имаат барем некакво ниво на уредничка слобода и дека повеќе настапуваат како медиумска компанија, нешто што повеќето социјални мрежи се обидуваат да го избегнат со години.
Еден од основачите на Twitter , Биз Стоун, напишал и блог за овој случај. Во него вели дека ваквата практика се применува со години, но дека наскоро ќе ги подобри своите јавни правила за сè да биде транспарентно. Иако Twitter повеќе пати беше нападнат дека му дава премногу слобода на Трамп, досега никој ништо не искоментирал.
Twitter's @Policy Tweet thread published on Medium. https://t.co/pzXSD2VnlS
— Biz Stone (@biz) September 25, 2017