По четврти пат денеска ќе се одржи „Seavus Code Talks“ во Скопје. Настанот ќе се одржи во „Сити хол“ со почеток во 18 часот, а влезот е слободен.
Оваа година тема на настанот ќе биде вештачката интелигенција, а ќе зборуваат двајца експерти од „Seavus“.
„From bit to Artilec“ е темата на која ќе зборува Александар Размовски, аналитичар за деловна интелигенција.
„Способност за учење, разбирање или снаоѓање во нови или непознати ситуации или причини, потреби и последици од појавата на новата интелигенција“, ова е краткото сиже на она за што денес ќе зборува Александар.
Втора тема ќе биде „Вештачка интелигенција – технологија – каде сме денес“, на која ќе зборува Милан Стојковиќ, софтверски инженер.
„Ќе зборувам за концептот на ВИ асистент. Односно, како со комбинација на модерни техники ВИ асистентот може да се справи со документирање на состаноци“, изјави Милан.
По презентациите, ќе има панел и дискусија на која ќе учествуваат повеќе експерти до „Seavus“.
Присуството на настанот може да го пријавите на следниов линк.