Новиот iPhone X е најскапиот смартфон претставен досега од Apple, бидејќи чини неверојатни 999 долари за верзијата со 64 GB и цели 1.149 долари за онаа со 256 GB во Соединетите Американски Држави.
И покрај извесен степен на оправдување, некои обожаватели на Apple сметаат дека цената е недостапна. За да е појасен новиот тренд, ќе ги ставиме работите во контекст: можеме да си купиме сосема нов MacBook Air за пониска цена од онаа на најевтиниот iPhone X.
Американските корисници на iPhone имаат право да го искажуваат своето незадоволство, но клиентите во други земји ќе треба да посегнат дури подлабоко во џебовите, пишува во својата анализа „Statista“.
Според „Business Insider“, Русите ќе треба да платат над 79.990 рубљи, или 1.390,30 долари за iPhone X. Тоа е значително поскапо од цената во САД и овој тренд е евидентен во многу други земји.
Во Велика Британија уредот чини 32% повеќе отколку во САД, што шокираше многу клиенти. Генерално граѓаните на Европската унија ќе мора да платат во просек 1.376,61 долари за новиот телефон. Канаѓаните ќе можат да направат многу подобар договор и ќе мора да платат само околу 20 долари повеќе од нивните соседи преку границата.
Изненадувачки е што најскапиот дел од iPhone X е 5,8-инчниот OLED дисплеј што го произведува Samsung. Цената на самиот панел е 80 долари. Употребата на новата генерација NAND флеш меморија од 256 GB чини уште 45 долари. Во исто време, 3GB RAM модулот на iPhone X се произведува за 24 долари.
Процесорот на Apple A11 Bionic, кој е создаден од 10-нанометри процес на TSMC, чини уште 26 долари, а за модемот на Qualcomm, кој го користи смартфонот, компанијата платила 18 долари.
Компонентите за создавање на Face ID системот за препознавање на лицата чинат околу 25 долари, додека за самиот корпус, кој претставува уникатен спој меѓу стакло и нерѓосувачки челик, производителот платил 53 долари.
Поврзани артикли