Климатизерите можат да придонесат за глобалното затоплување, но во многу земји, меѓу кои спаѓа и Индија, тие се неопходни во текот на летните горештини. Затоа дизајнерската компанија Ант Студио со седиште во Њу Делхи, успеа да изработи структура која го разладува воздухот без да користи електрична енергија.
Покрај тоа што одлично функционира, структурата на Ант Студио изгледа како модерна уметничка инсталација.
При изработката на оваа единствена структура за ладење, Ант Студио соработувало и со Деки Електроникс, компанија која исто така е сместена во главниот град на Индија. Структурата на овој климатизер е изработена од стотина глинени цевки кои создаваат еден вид кошница во рамки на кружната метална рамка.
Кога целата кошница ќе се наполни со вода, глинените цевки ја апсорбираат водата и испуштаат студен воздух, додека низ нив поминува топлиот воздух. Оваа структура е многу економична поради ниската цена и големата достапност на глината ширум Индија. Исто така, не е штетна за околината како останатите електронски клима уреди.
„Како архитект, сакав да пронајдам решение кое е еколошки прифатливо и има елементи на уметност, а притоа ги развива и традиционалните занаети“, вели Мониш Сирипурап, основач на Ант Студио.
Извор: Inhabitat
Поврзани артикли