Ко-основачот на Microsoft и еден од највлијателните луѓе на денешницата, Бил Гејтс, изјави дека жали што пристапот до Windows го направил толку иритирачки. Имено, малку е познато дека во првичните верзии на еден од најпопуларните оперативни системи Microsot, симултаното притискање на копчињата Control, Alternative и Delete (во мојата генерација познати како светото тројство кога компјутерот ќе се блокира), всушност се користело за логирање во самиот систем.
„Кога нешто би менувал, командата би ја свел на само едно копче“, изјавил милијардерот и сопственик на Microsoft, за време на панел дискусијата на Bloomberg Global Business форумот во Њу Јорк.
За ваквата ситуација тој го „обвини“ IBM, уште во 2013-тата, велејќи дека човекот кој стоел зад дизајнот на тастатурата од IBM не сакал да им овозможи командата да се извршува преку едно копче.