Park Rangr, апликацијата настаната во текот на 24 часа ќе може да провери дали сте се паркирале на дозволено место и колку долго можете да останете на него, но и да ве доведе до автомобилот ако се загубите,
Апликацијата од проширена реалност Park Rangr (augmented reality, AR) претставена во текот на хакатонот на Tech Crunch, Distrupt SF е замислена едноставно.
Снимете го знакот за паркирање во близина на своето возило. Апликацијата собира податоци за ограничувањето на паркирањето за да провери дали смеете тука да паркирате и ви става до знаење колку долго можете да останете паркирани на тоа место, колкава е стапката на криминалитет во околината и до што можете да дојдете пешки во близина.
Откако ќе излезете од возилото, апликацијата ќе ја подготви локацијата на кое се наоѓа. Ќе ве извести колку сте оддалечени од него, како и колку треба да пешачите за да се вратите до него. Во сегашната фаза на развој, може да ја одреди вашата локација со помош на GPS и да ве наведува до неа користејќи го AR.
Зад апликацијата стои четиричлен тим кој ја создаде за 24 часа, користејќи го сетот алатки на Apple, ARKit за во неа да уфрли визуелизации потребни за проширена реалност.
Park Rngr во некој момент би требало да се најде во Apple продавницата, App Store, откако ќе му ја додадат функцијата на праќање на нотификации која ќе ги известува корисниците кога треба да се вратат до возилото, пишува Tech Crunch.
Поврзани артикли