Корисниците на интернет пребарувачите се најгневни затоа што рекламите вртат без нивна дозвола
на веб страниците, а најчесто и немаат избор за да го исклучат звукот. Затоа во јануари 2018 година
ќе излезе Google Chrome 64, кој има и автоматско покренување на видео и аудио содржини без звук,
независно од тоа дали оригинално имате видео запис или не.
Предноста кај надградбата на Chrome е што нема да имате потреба од рачна надградба, оти
прелистувачот се ќе заврши сам. Функционалноста ќе биде добредојдена како за намалување
на хаосот кога корисникот отвора неколку страници, така и за заштеда на потрошениот
интернет сообраќај. Второто секако важи за корисниците кои пристапуваат од паметни
телефони кои имаат ограничување на интернет сообраќајот.
Опцијата ќе биде достапна и за десктоп и за Android верзијата на прелистувачот.