Битката за тоа каде Европејците ќе ги полнат електричните автомобили се шири од градовите на Стариот континент на патиштата, а во таа борба за удел во таа брзорастечка индустрија се вклучија многу стартапи како и големи светски компании.
Енергетски и технолошки стартапи како и големи нафтени компании се борат за доминантна улога во брзорастечкиот сектор за станици за полнење. Но, развојот на електричните возила доведе до тоа да се менуваат локациите каде што ќе се градат станиците.
Додека досегот на електричните возила беше помал од 100 километри, електроенергетските компании радо им помагаа на градовите и на компаниите да постават побавни и евтини станици близу до куќите, канцелариите или продажните центри, а често и со поддршка на државни субвенции.
Но, Tesla, Porsche и BMW почнаа да произведуваат автомобили со батерии дволно моќни да подолги патувања. Инфраструктурата за полнење најчесто не се наоѓа на места каде што е најпотребна. Меѓутоа, електроенергетските компани како ChargePoint и Engie планираат во Европа да изградата мрежа од високонапонски станици со брзо полнење, каде што батеријата ќе може да се наполни за половина час наместо за цела ноќ.
Според проценките на банката Morgan Stanley, до 2030 година во Европа ќе бидат потребни 1,3 милиони јавни станици за полнење. Иако елекроенергетските компании имаат природна предност и искуство во новата индустрија, прерано е да се процени кој ќе ја заземе лидерската позиција.
За разлика од енергетските компании и стартапите, производителите на електрични возила гледаат на брзите станици за полнење не како начин за стекнување профит ттуку како нужна загуба за да докажат дека електричните бвозила можат да возат ширум континентите. Најразвиен пазар за електрични автомобили е норвешкиот со удел од 29%, а следуваат Холандија со 6,4% и Шведска со 3,4%. Пазарниот удел на Кина, Франција и Велика Британија е по 1,5%.
Извор: Poslovni Dnevnik.hr