Глобалната динамика на ИКТ пазарот бара системски приод кон решавање на прашања поврзани со иновации, развој и глобална конкурентност. Токму во овој стратешки правец, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии го најавува одржувањето на МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ – дводневен настан во рамки на кои ќе се одржат два исклучително значајни настани за стратешко унапредување и подобрување на ИКТ секторот во Македонија.
По завршувањето на форумот, на 27 септември следува вториот дел од МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ, поточно конференција за иновативни ИКТ решенија и трендови. Конференцијата има за цел да опфати и дискутира теми и прашања од областа на иновациите поврзани со: ефикасната соработка помеѓу компаниите, науката и државата, претставување на иницијативи за поттикнување и поддршка на иновативноста на мали и средни претпријатија, ќе се дискутира и за иновациите во услужната дејност и туризмот, искуства од домашните ИКТ компании преку претставување на иновативни решенија, проекти, методологии и глобални трендови. Оваа конференција е организирана од МАСИТ како главен организатор во партнерство со Твининг проектот финансиран од ЕУ „Развивање соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“.
На настаните ќе учествуваат претставници на комората, ИКТ компаниите, претставници од државните институции, странски и домашни експерти. Учеството на форумот и конференцијата е бесплатно со претходна задолжителна регистарација. Деталната агенда како и регистрациската форма може да се погледнат на следниот линк: http://www.seeita.org/ , како и на официјалниот Facebook настан.