Новиот iPhone X на Apple беше претставен во вторникот, а новиот адут на американската компанија донесе иновација – технологијата за препознавање на лице Face ID која што ја заменува досегашната Touch ID технологија за отпечатоци на прсти.
Потпретседателот на маркетинг одделот на Apple, Фил Шилер изјави дека Face ID е револуција во светот на технологијата која што ќе се користи за скенирање на лицето на корсникот и отклучување на телефонот.
Меѓутоа, Шилер призна дека корисниците не можат слепо да веруваат дека Face ID ќе ги чува нивните чувствителни податоци во телефонот целосно безбедни. Според аналитичарите, користењето на технологијата Face ID би била лош потег.
„Совршен систем не постои, дури ниту во биометриските системи. На пример, ако имате „лош близнак“, ќе мора да се заштитите и со лозинка“, изјави Шилер.
Биометријата засега не е безбедна, а тоа се покажа кај Galaxy S8 на Самсунг, затоа што оваа технологија може да се измами со прикажување на фотографија. Дури и ако Apple тврди дека го дизајнирале својот систем имајќи го во предвид „хакирањето“ со фотогарфија, експертите за безбедност тврдат дека потпирањето само на Face ID технологијата не е најдобра идеја.
„Тоа е како лозинката да сте ја истетовирале на вашето чело, а потоа сте станале ТВ водител, влогер или слично“, вели експертот за интернет безбедност, Ден Тентиер.
Шилер порача дека постои шанса од 1 наспрема 1 милион дека некој кој што наликува на „реалниот корисник“, да може да го отклучи неговиот паметен телефон. Само за споредба, постои шанса 1 на 50 илјади дека друго лице ќе може да го отклучи вашиот телефон со помош на Touch ID скенерот за отпечатоци на прсти.
Извор: Klix.ba