Новиот Apple TV хардвер ја става компанијата на исто рамниште со Roku, Amazon и Chrome, кои веќе нудат 4K уреди за стриминг. Новиот Apple TV ќе биде достапен на 22. септември за 179 долари со 32GB внатрешна меморија или за 199 со 64GB. Пред-нарачките на уредот започнуваат на 15 септември.
Во прилог на 4K можностите, Apple TV исто така има Dolby Vision и HDR10. Тоа ќе овозможи посветли акценти и проширен спектар на бои за ТВ приемниците кои исто така имаат HDR.
Корисничкиот интерфејс на Apple TV е повторно дизајниран и сега е оптимизиран за 4K резолуција. Преработен е и Siri Remote. Еди Кју објави дека голем број холивудски филмски компании ќе донесат 4K филмови во iTunes Store, а корисниците кои веќе купиле HD филмови ќе бидат автоматски надградени до 4K HDR без дополнителни трошоци.
Инаку, Netflix и други стриминг апликации, исто така, ќе емитуваат 4K содржина. Apple TV апликации исто така се ажурираат со поголем фокус кон спортски преноси во живо и вести.
Новиот Apple TV хардвер сега располага со A10X Fusion процесорот и 3GB RAM меморија. Овие подобрувања овозможуваат непречена репродукција на 4K содржина до 60 фрејмови во секунда.
Поврзани артикли